Posts Tagged ‘makedonia’

January 30, 2009

Тодор Александров Попорушов (1881, Ново Село, Штип-1924, Сугарево, Пирински дел на Македонија), македонски револуционер и идеолог на обновената ВМРО во 1919 година, втемелувач на челична дисциплина, политичар на кој сите европски порти во секое време му биле отворени. Од многу аспекти го сметам за единствен. Неговата дисциплина, идеологија, политика, непокор. Просто човек на кого Македонија му е гориво. Прва постапка која почна да ги буди моите симпатии кон личноста на Александров е препознавањето на вистинската цел на младотурската револуција-чиста фарса. Во момент во кој ретко кој верува. Натаму историјата е вистинска приказна за себе. Од неговото учество во Првата светска војна, преку обновувањето на ВМРО но овој пат како многу поинаква и посилна организација од онаа за време на Османлиите, дејствувајќи, би рекол во многу покомплицирани услови, пред се поради поделбата на Македонија, дипломатските врски, активната мрежа на ќелии низ цела геогравска Македонија, функционирањето на редот и законот на ВМРО за сите Македонци како отпор кон окупаторите. Загинува несреќно и мистериозно. Се верува дека зад неговото убиство стои Иван Михајлов-Ванчо, личност која лично не можам да ја сварам.

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува сe до својата смрт на 30 август 1924 година.
Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година.

Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.

Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: “Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.
Поетот Пеју Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека, а не во бугарска. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.
Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди: “Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава“.

Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.
Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.
Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: “Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.

Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите “канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога “наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.
Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите. Бугарите велеле: “Мртов, но употреблив“, Македонците, пак, велеле Македонија умре, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ.

Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.

Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во Бугарскиот парламент тврдејки дека само на демократски начин Бугарија ке ја признае Автономна Македонија,но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров.Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија.

За четири дена го завземал Ќустендил,ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка,Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка,Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска.5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

Неколку месеци по оваа акција Тодор Александров е убиен од зли предавници.

Семејството на Тодор пред неговиот гроб:

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)

Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)

Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)

Тодор со неговото семејство:

Тодор Александров е единствен водач на ВМРО, чија парола на самата организација била „Македонија на Македонците“. Вечна му слава!

Tenure of Flag | Правото на знаме

April 15, 2008

Republic of Macedonia and Republic of Greece, under formulations “First side” and “Second side”, on sep. 13 1995, signed a temporary Accord. With the Accord, Macedonia was forced to change the Macedonian sun of the flag, and Greece abandoned the two years embargo against Macedonia!

But, what’s the point?
Greece claims that have an exclusive right of all ancient history, including this ancient Macedonian symbol, which is used as an official flag of the northern greek province of Makedonia.

How can Greece claim rights of entire ancient history? Does the cross can be used only by one state, Vatican, for example? Does only one state can use the tricolor?

I’m not going to debate whose symbol is the Sun, neither were the Macedonians Hellens, or not? Hire, I’m going to talk about our universal right this sun to be our national flag, with clear distinctions of all other national flags.

Does this flag is distinctive by the following:
10.png
****************************************************
11.png???????????????????????????????

Someone argue that this Sun if found just in Kutlesh, and because today, the location is in Greece, only Greeks can use it. But, my dear friends, the archeology is saying something else. The Sun can be found on so many locations in Republic of Macedonia.
180px-Ohrid_Ancient_Macedonian_sun_symbol_ceramics2.jpg
The Macedonian Sun, ceramics, III BC, Ohrid, Republic of Macedonia
PARI.jpg

Take attention on the fact that the first flag was used by independent state, and the second one is just a flag of a province.

And does Sweden have dispute with Denmark or Finland, because they all use the same cross?
13.gif14.gif15.gif

Is the same with Norway and Iceland?
17.gif18.gif

Does Ireland has dispute with Ivory Coast?
19.gif20.png

England and the new flag of Georgia?
16.gif56px-Flag_of_Georgia.svg.png

Holland and Luxembourg?
holland.gifLuxembourgFlag.JPG

Romania and Moldova?
RomaniaFlag.gifmoldova_flag.gif

Poland and Indonesia?
poland_flag.pngindoflag.gif

Russia, Slovenia, Slovakia…?
flag_russia_me.jpgslovenia_flag.pngslovakia_flag.png

The examples are frequent for so little space and time. A man should have honour to admit to him self that is in wrong. Greeks, more than 2300 years are practicing their revenge under the Macedonians because of the Heroneya battle. Their unique purpose is to exterminate the real Macedonian identity. This is not a problem about the name or the flag or something else… the plan is bigger, BIIIIIIGGER THAN WE CAN IMAGINE!!!

————————————————————————-

На Македонски:

Република Македонија и Република Грција, под формулација “Прва страна” и “Втора страна”, на 13 септември 1995 година, потпишаа Привремена спогодба за пријателски односи и градење на доверба и се обврзаа на почитување на взаемниот суверенитет и територијален интегритет, прифаќајки ги меѓународно признаените државни граници.

Со договорот, Македонија се обврза од државното знаме да го симне македонското сонце (шеснаесеткракото сонце не е пронајдено само во Кутлеш, па така да се нарекува), додека Грција, во рок од 30 дена, да ја прекине блокадата кон Македонија, воведена дури во февруари 1994 година. По ратификацијата на Спогодбата од Собранието на Република Македонија, Грција ги отвори државните граници со Македонија, а десет дена претходно, Собранието го смени и државното знаме.

Но, за што стануваше збор?
Грција тврди дека полага целосно право на овој симбол и е единствена која може да го употребува. Провинцијата Makedonia овој симбол го употребува како официјално знаме.

Но се поставува прашањето: Дали грција може да полага права на целата античка историја? Дали крстот може да биде употребуван како симбол за знаме само од една држава. Дали само една држава смее да употребува тробојка како знаме.

Нема да навлегувам чиј симбол било сонцето, ниту во тоа дали Македонците биле или не биле Елини. Тоа ќе го сторам во друг запис, а фактите, кои Грција не се осмелува да ги види, кажуваат се. Овде сакам да прашам за нашето суверено право Сонцето од Кутлеш да биде знаме на суверената македонска држава, со јасни дистинкции од било кое друго знаме.

Дали ова знаме доволно се разликува од ова:
10.png
****************************************************
11.png???????????????????????????????

Некој тврди дека ова сонце е пронајдено исклучиво во Кутлеш, а бидејќи тоа е сега грчка територија, само тие полагаат право на него. Но, драги мои, археологијата кажува нешто друго. Сонцето го има толку многу на територијата на Република Македонија, што не сме ни свесни за тоа. Како за пример, пронајдено е на античка керамика и на многу, мноооооогу монети вдолж и попреку Македонија.

180px-Ohrid_Ancient_Macedonian_sun_symbol_ceramics2.jpg
Македонското сонце, керамика, III век п.н.е. Охрид
PARI.jpg
Обрнете внимание и на тоа дека првото знаме беше употребувано од суверена држава, а второто е само знаме на провинција.

А дали Шведска и се противи на Данска или Финска што употребуваат идентичен крст на знамето?
13.gif14.gif15.gif
Дали тоа го прави Норвешка во однос на Исланд?
17.gif18.gif
Дали Ирска има спор со Брегот на Слоновата Коска?
19.gif20.png
Меѓу Англија и новото знаме на Грузија?
16.gif56px-Flag_of_Georgia.svg.png

Холандија и Луксембург?
holland.gifLuxembourgFlag.JPG
Романија и Молдавија?
RomaniaFlag.gifmoldova_flag.gif
Полска и Индонезија?
poland_flag.pngindoflag.gif
Русија, Словенија, Словачка…?
flag_russia_me.jpgslovenia_flag.pngslovakia_flag.png

Примерите се многубројни за мал простор и време. Човек треба само да има срце за да признае дека греши. Грците веќе 2.300 години покажуваат дека одмаздата заради Херонеја- се уште е актуелна! Нивната единствена цел е елиминирање на вистинскиот македонски идентитет. Воопшто не станува збор за прашањето на името, знамето или слично… овде се работи за нешто многу, МНООООООГУ ПОГОЛЕМО!!!