Тодор Александров Попорушов (1881, Ново Село, Штип-1924, Сугарево, Пирински дел на Македонија), македонски револуционер и идеолог на обновената ВМРО во 1919 година, втемелувач на челична дисциплина, политичар на кој сите европски порти во секое време му биле отворени. Од многу аспекти го сметам за единствен. Неговата дисциплина, идеологија, политика, непокор. Просто човек на кого Македонија му е гориво. Прва постапка која почна да ги буди моите симпатии кон личноста на Александров е препознавањето на вистинската цел на младотурската револуција-чиста фарса. Во момент во кој ретко кој верува. Натаму историјата е вистинска приказна за себе. Од неговото учество во Првата светска војна, преку обновувањето на ВМРО но овој пат како многу поинаква и посилна организација од онаа за време на Османлиите, дејствувајќи, би рекол во многу покомплицирани услови, пред се поради поделбата на Македонија, дипломатските врски, активната мрежа на ќелии низ цела геогравска Македонија, функционирањето на редот и законот на ВМРО за сите Македонци како отпор кон окупаторите. Загинува несреќно и мистериозно. Се верува дека зад неговото убиство стои Иван Михајлов-Ванчо, личност која лично не можам да ја сварам.

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува сe до својата смрт на 30 август 1924 година.
Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година.

Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.

Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: “Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.
Поетот Пеју Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека, а не во бугарска. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.
Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди: “Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава“.

Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.
Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.
Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: “Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.

Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите “канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога “наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.
Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите. Бугарите велеле: “Мртов, но употреблив“, Македонците, пак, велеле Македонија умре, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ.

Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.

Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во Бугарскиот парламент тврдејки дека само на демократски начин Бугарија ке ја признае Автономна Македонија,но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров.Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија.

За четири дена го завземал Ќустендил,ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка,Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка,Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска.5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

Неколку месеци по оваа акција Тодор Александров е убиен од зли предавници.

Семејството на Тодор пред неговиот гроб:

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)

Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)

Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)

Тодор со неговото семејство:

Тодор Александров е единствен водач на ВМРО, чија парола на самата организација била „Македонија на Македонците“. Вечна му слава!

Tags: , , , , , , , , , , ,

12 Responses to “”

  1. Goobrebrig Says:

    Интересно и позновательно, а будет еще что-то по этой теме?

  2. APPELT Says:

    Хорошо пишете. Надеюсь, когда-нибудь увижу нечто подобное и на своем блоге…

  3. attach Says:

    Очень интересно, но все в будущем хотелось бы еще побольше узнать об этом. Очень понравилась ваша статья!

  4. Liaick Says:

    очень занимательно было почитать

  5. SoicileRic Says:

    Спасибо вам за сайт, очень полезный ресурс, мне очень нравится

  6. expolf Says:

    Извините если не туда, но как с админом сайта связаться?

  7. gablelycle Says:

    Огромное вам пасибо! а еще посты на эту тему будут в будущем? Очень жду!

  8. Marinkina Says:

    Да,aleks,побороть лень, действительно иногда очень сложно..

  9. Derevokas Says:

    Спасибо за Ваш труд!!

  10. Cederash Says:

    Хм… даже такое бывает.

  11. Ferinannnd Says:

    И опять об этом. Если поисковики научатся понимать смысл, то блогерам придется поизголяться, чтобы быть читаемыми и не похожими на других.

  12. Avertedd Says:

    Отлично написано. Позитива конечно не хватает, но читал на одном дыхании

Leave a comment